Roza Aleksova

Poslednji komentari

Roza Aleksova

Roza Aleksova

 

РОЗА АЛЕКСОВА – Медијатор и Судски стручен соработник – граѓанска и стопанска материја, Основен суд Кавадарци

Родена 1973 година. Основно и средно образование заврши во родниот град Кавадарци. Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје во 1996 година, правосудна насока. Правник волонтер во Основен суд Кавадарци 1998 – 1999 година. Вработена како судски приправник во Основниот суд Кавадарци во периодот 2002-2004 година, а од 2005 година работи како судски соработник во граѓанска и стопанска метерија. Положен правосуден испит, нотарски испит и испит за медијатор. Проследена почетна обука за медијација во 2010 година, во организација на Министерството за Правда на Република Македонија. Завршена обука за тренери за медијација во 2013 година во организација на Институт за Европска политика Скопје и Центарот за решавање конфликти Холандија Завршена тренинг обука за медијација и арбитража во Т.М.Ц.Асер Институтот во Хаг,Холандија во 2015 година, во рамки на МАТРА ПАТРОЛ програмата за јакнење на капацитетите на државата во областа на владеење на правото. Национален експерт за медијација во рамки на проектот ,,Следење на владеењето за раст во областа на правдата од Стратегијата за ЈИЕ 2020 (juDGMeNT). Проектот е финансиран од Регионалниот совет за соработка во рамките на Програмата за грантирање: „Поддршка за промоција и унапредување на ЈИЕ 2020 Стратегијата“ (Реф.бр.CfP02/2016) во времетраење од 6 месеци (јули – декември 2016) Активен учесник во креирањето на регулативата во областа на медијацијата и остварувањето на институционална соработка на судството со медијацијата.

Член на работната група за изготвување на Стратегија за развој на волонтерството во Општина Кавадарци (2015-2020)

Член на Управниот одбор на Комората на медијатори на Република Македонија

Член на Здружението на судска администрација

Постапките на медијација ги спроведува во канцеларијата за медијација во зградата на Основниот суд во Кавадарци, прва отворена од ваков вид во Македонија, согласно Програмата за поддршка на медијацијата која ја донесе Судскиот совет на Македонија во насока на доближување на медијацијата и мирното решавање на споровите вон судските постапки до граѓаните и деловните субјекти.

Доделен Сертификат за развој на вештина за реализирање на тренинг  – УСАИД – Проект за зајакнување на судството

Доделен Сертификат за завршен тренинг за Медијација и Арбитража – УСАИД,Академија за судии и јавни обвинители,Скопје

Панелист на Регионалната конференција за поддршка на спроведувањето на медијација во Македонија во рамки на проектот МАТРА, ,,Решете го спорот – да, преку медијација,,одржана во Кавадарци, на ден 20.06.2013 година, во организација на Институтот за европска политика и Министерството за Правда,со предавање на тема ,,Значењето и можностите на медијацијата со анализа на постапката на медијација vs. судската постапка,,

Панелист на Завршната конференција на проектот МАТРА, организирана под назив ,,Поддршка за унапредување на имплементацијата на медијацијата во Македонија,, од страна на Институтот за европска политика и Министерството за Правда, во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, на  ден 27.06.2013 година, со предавање на тема ,,Предностите на постапката на медијација во однос на судската постапка,,

Доделена Плакета за особена ангажираност и одговорен однос во подготвувањето  на Колективниот договор за вработените во судовите во РМ – УПОЗ, Скопје, 02/2013

Доделен Сертификат за учество на семинар ,, Спецификите на договорите за финансиски лизинг, факторинг, франшизинг, дистрибуција, know-how,лиценца – Здружение на правници на РМ / УСАИД

Доделен Сертификат – Градење на капацитетите во правосудниот систем за практична примена на Архуска конвенција – Право на пристап до правда – Здружение за заштита  на животна средина и одржлив економски развој

Доделен Сертификат  ICIS I Trainers (Level B) – Европска Агенција за реконструкција –  Phare 2000/Europaid/112994 – ICIS I Phase 2

Доделен Сертификат  MDMS end Users  – Европска Агенција за реконструкција –  Phare 2000/Europaid/112994 – ICIS I Phase 2

Потврда за учество во проектот ,,Програма за вработување на млади,, Општина Кавадарци/UNDP

Ангажиран Предавач за предностите на Медијацијата,  на семинари наменети за бизнис заедницата, организирани од Стопанската Комора на Македонија (Велес, Гевгелија, Струмица, Виница и Скопје )  2016-2017 година

Radno vreme

Ponedeljak: 15:30  – 20:00 PM
Utorak:       15:30  – 20:00 PM
Sreda:         15:30  – 20:00 PM
Četvrtak:    15:30  – 20:00 PM
Petak:         15:30  – 20:00 PM
Subota:       15:30  – 20:00 PM
Nedelja:       ne radi

rozaaleksova @yahoo.com

Povezani članovi